ЕкономијаСвет

Короната и самостојните претприемачи. Пристигнува ли помош?

Короната и самостојните претприемачи - Работник
240views

Малите компании често немаат големи финансиски резерви и корона вирусот брзо ги погодува. Брзата финансиска помош на државата би требало да им помогне. Барањата во Германија се поднесени, дали ќе стигнат парите?

„Во петокот не престануваат откажувањата. За март, за април… Сега дури откажуваат и за мај. И за јуни веќе беа неколку термини откажани“, вели за Дојче Веле Дирк Винкелман. За да ја работи својата работа, советник за менаџмент и тренер од Боно, неопходен му е директен контакт со клиентите. Но, многу компании моментално се откажуваат од понатамошното усовршување и обуката на своите вработени, бидејќи и самите директно се погодено од корона кризата. „Еден мој клиент веќе откажа се што планираше за оваа година. Поради скратеното работно време и економската ситуација сега нема буџет за работно усовршување“, објаснува Винкелман, пишува Дојче Веле.

Што да се направи кога ќе се остане без работа и средства за живот? Со тој проблем сега се соочени многумина самостојни претприемачи, како уметниците, фризерите, угостителите и графичарите.

Нив кризата многу посилно ги погодува отколку постојаните вработени, истакнуваат од Здружението на самостојни претприемачи ВГСД. „Цел нивен имот сега е на удар. И пензиското осигурување е загрозено, бидејќи и тоа не е заштитено од банкрот“.

На оние кои ќе заглават во финансиски проблеми поради корона кризата, сојузната германска влада им нуди исплата на брза помош. И поединечни покраини подготвиле соодветни пакети за помош. Она што е посебно кај таа помош е што таа не мора да се враќа. А, барањата за помош се исплаќаат исклучиво по дигитален пат.

Брзо и без големи бирократии

„Барањето се поднесува релативно брзо“, вели Винкелман. Во петокот на пладне ја отворил интернет страната на Министерството за економија на Северна Рајна Вестфалија. Системот додуша се срушил, но следниот ден успеал да го потполни барањето онлајн.

И во другите сојузни покраини системи биле преоптеретени. Минатата година во Долна Саксонија 250,000 луѓе истовремено се обидувале да поднесат барања за финансика помош, велат податоците на развојната банка Н банк.

„Тоа го сруши серверот“, таблоидот Билд го цитира портапаролот на Н банк. „Бевме прегазени“.

Дирк Винкелман се надевал на брз одговор. „Дури во вторникот наутро стигна потврдата дека парите ќе бидат уплатени“, вели Винкелман и додава дека се одело без многу бирократија. Но, кога парите ќе стигнат на неговата сметка, тоа не знае.

Во план е исплатата на директна помош за милионите мали компании, за самостојните претприемачи, хонорарците и земјоделците да започне наредните денови. Од државниот буџет за ова се извдвоени до 50 милијарди евра.

Со тоа и сојузните покраини обезбедиле свои пакети за помош. Брзата помош пред се е намената за малите компании кои по правило не добиваат никакви заеми, кои немаат други приходи и кои сега некако мораат да ги премостат проблемите со ликвидноста. Притоа компаниите кои имаат до пет вработени би требало да добијат еднократна помош од 9,000 евра, а компаниите кои имаат до десет вработени 15,000 евра.

Започнала трката за добивање на брза помош

Таблоидот Билд минатиот викенд информирал дека во покраините за само неколку денови пристигнувале по 360,000 барања за брза помош на малите компании и самостојните претприемачи, како и дека веќе е одобрена исплата од преку 138 милиони евра, пишува Дојче Веле.

Само во Хесен во првите шест часа пристигнале 5,000 барања за брза помош. Петсто барања се веќе одработени и одобрени се вкупно пет милиони евра помош, изјавил во понеделникот хесенскиот министер за економија, Тарек ал – Вазир.

„За брза помош од короната имаме во план доволно пари. Тоа значи дека ниедно од барањата кои ќе бидат поднесени до крајот на мај нема да бидат одбиени поради недостаток на средства“.

Од градот – покраина Берлин е соопштено: „Во првиот бран станува збор за шестоцифрени бројки“, рекол сенаторот за култура, Клаус Ледерер. „Веќе сметам дека со тоа на крајот ќе имаме помеѓу 250,000 и 300,000 барања. Тоа е сосема можно“.

Средните компании не се дел од планот

На малите компании веднаш им се помага, а што е со големите?

За нив се предвидени позајмници и гаранции. За поголемите компании со повеќе од 250 вработени или со голем приход од продажбата, Владата предвидела „заштитен чадор“, таканаречен Фонд за економска стаблизиација. Тој, компаниите би требало да ги зајакне со капитал и гаранции.

Преку посебна програма на Германската државна банка за обнова и развој KfW, поголемите компании би можеле да добијат лидвидност преку своите матични банки. KfW, па така и државата, преземаат гаранција во висина и до 90 отсто од основните средства и инвестиции за кредити.

На повеќе од секоја десетта средна компанија, велат наводите од Германската индустриска и трговска комора (ДИХК), поради корона кризата им се заканува банкрот. Тие не добиваат секогаш кредити. Искуствата кои ги имаат од кризните разговори со своите банки се многу лоши, вели Претседатеот на ДИХК, Ерик Швајцер.

„Се плашам дека и покрај државаната гаранција од 90 отсто, многумина компании поради кризата нема да добијат зелено светло по вообичаената банкарска проверка“, оценува Швајцер. Бидејќи во случајот на прекин на работата и потполно губење на продажбата, според вообичаената проверка, нема кредитни спообности – тоа е така и кога станува збор за компании кои се во потполност здрави“.

И Претседателот на штедилницата Хелмут Шлевајз предупредува дека многу компании на кои во време на корона кризата итно им е потребна помош, не можат да сметаат на помош на државата и сојузните покраини.

Во рамките на кредитината програма на KfW, наем добиваат само компаниите кои можат да го вратат во рок од пет години. „Тоа моментално не е случај кај многу компании кои корона кризата исклучиво тешко ги погодува“, истакнува Шлевајз за весникот Ханделсблат.

Посебно се погодени компаниите од областите на гастрономијата, хотелиерството, евент – менаџментот, кетерингот, како и од областа на патувањата, сообраќајот, логистиката, туризмот и воздушниот сообраќај. Овие компании често не добиваат развојни кредити, „иако располагаат со функционален бизнис модел, во моментот кога економијата по корона кризата повторно ќе стартува“.

Се бара брза помош и за средните компании

Во вторникот било соопштено дека германската влада сака да ја подобри помошта и за средните компании. Од владините кругови пристигнуваат информации дека гаранцијата на државата за кредитите кои ги добиваат средните компании во иднина би можела да изнесува 100 проценти. Тој модел би требало да го одобри и Европската комисија, пишува Дојче Веле.

Понатаму се наведува дека помош би требало да добијат и компаниите со повеќе од десет вработени кои се премногу мали за да добијат помош од новиот Фонд за економска стабилизација. „Секако, тука би требало нешто да преземеме“. Моментално за тоа се разговара, за да се разјаснат деталите. „Нешто ќе биде договорено“.