ЕкономијаСветСветот на работникот

Короната создала многу перспективна работа

Короната создала - Работник
135views
Пандемијата на коронавирусот укинала повеќе од 30 милиони работни места во САД од средината на март, но истовремено, следењето на контакти, малку позната техника за зачувување на јавното здравје, се претвоило во прилика за работа.

Додека градовите и државите повторно ги отвораат своите економии, многумина ги зголемуваат своите капацитети за следење на контакти со настојување да го ограничат ширењето на коронавирусот.

Дефиницијата на ова работно место би можела да биде вака: Барањето на контакти подразбира наоѓање на блиски контакти на лицето заразено од коронавирусот, пружање на информации на контактите за оваа болести и поттикнување на самоизолација од 14 дена, за да се избегне потенцијално заразување на други лица.

Диплома? Не е неопходна

Следењето и трагањето по контактите не вклучува многу детективска работа, иако експертите велат дека вештините на критичкото размислување и упорноста се меѓу клучните за успех.

Луѓето кои откриваат случаи на заразени ги контактираат луѓето кои се позитивни и се обидуваат да ги земат имињата и броевите на телефоните на нивните блиски контакти, како членови на семејство, пријатели или колеги. Овие информации се проследуваат на трагачите на контакти – вработените кои се за тоа обучени и кои не мора да имаат факултетска диплома или да ја познаваат здравствената заштита.

 

„Поважно е да ви е пријатно со медицинската технологија, работењето со списоци и непосакувани повици. За мене тоа беше најтешкиот дел. На луѓето им давате вести кои се потенцијално многу вознемирувачки и сериозни. Никогаш не знаете на што ќе наидете на другата страна на линијата“, вели поранешниот трагач на контакти и професорка на Универзитетот за јавно здравје во Њујорк, Кристиана Коил.

Не е ништо ново

Трагањето по контакти не е позиција која настанала во текот на пандемимјата на коронавирусот. Во Америка ова била ефикасна техника за сузбивање на ширењето на ХИВ, туберколоза, морбили, па дури и на болестите кои се пренесуваат преку храна.

Низ пакет на стимуланси, Конгресот веќе издвоил речиси 26 милијарди долари за да им помогне на јавно здравствените установи, да ги платат помасовното тестирање на коронавирусот и трагањето по контакти.

Неколку здравствени установи во Амеркика сега го повикуваат Конгресот да во евентуалниот петти пакет стимуланси воведат најмалку 7,6 милијарди долари за пронаоѓање на контакти.

Нема формула

Државите и локалните самоуправи се користат со разни постапки за да ја зголемат својата способност за трагање по контакти.

Тие вработуваат нови работници, регрутираат волнотери, склопуваат договори со други компании за персонал итн. Некои и експериментираат со апликации за следење на контакти кои досега имале мешани резултати.

„Силиконската долина дизајнирала апликации за барање на контакти. Таквите апликации добро функционирале во деловите на Азија, како Кина и Јужна Кореја, но во САД има многу различни мислења за приватноста и граѓанските слободи“, вели Даниел Габриел, поранешен службеник на ЦИА и извршен директор на компанијата АМ ЛЛЦ која се бави со здравство и која особено напредувала во секторот на барање на контакти.

Трката започнала

Големите непрофитни организации, операторите на кол центрите и другите се натпреваруваат со Владите во трагање по контактите, а некои самите директно учествуваат. На пример, Максимус со седиште во Рестон, Вирџинија неодамна склопил спогодба со државата Индиана која се однесува на трагање по контакти во повеќе од 90 окрузи. Фирмата за јавна трговија која води програми за здравствени и човечки услуги за владините агенции, веќе ангажирала околу 200 трагачи на контакти за да создаде кол центар кој се состои од 500 луѓе, се наведува во соопштението на портпарлот на компанијата.

За оваа професија искуство не е потребно, туку потребна е само волја и посветеност во работата.