МакедонијаПравдаСветот на работникот

Корона во прилепските училишта: Наставничка од Канатларци позитивна на Ковид-19, осум ученици и тројца наставници во самоизолација

Корона во прилепските училишта-Работник
59views

Во Општина Прилеп денеска регистриран нов случај на коронавирус во училиштата, пребесува Локално.

Наставничка од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во селото Канатларци и поради контакт со неа во самоизолација се ставени 8 ученици од 5 и 6 одделение. Во изолација одат и 3 наставници од подрачното училиште во село Подмол.

Во четвртокот прв пат коронавирусот се појави во прилепските училишта. Тогаш беше потврден случај на наставничка која предавала во 2. одделение во ОУ „Климент Охридски“. Сите 20 деца се во изолација.