- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Корона кризата го загрозува опстанокот на една петина од компаниите во Германија

Корона кризата го загрозува- Работник
208views

Речиси една-петтина од сите компании во Германија веруваат дека кризата со пандемијата Ккоид-19 е закана за нивниот опстанок, покажува најновото истражување на ИФО институтот за деловна клима.

Според истражувањето во февруари 18,7 отсто од компаниите соопштиле дека се егзистенцијално загрозени. Нивниот процент во ноември минатата година изнесуваше 17,6, додека во мај 2020 година беше 21,8 отсто.

– Меѓу најголемите економски сектори, малопродажбата води во проценка на ризикот во февруари, каде што 34,5 проценти од компаниите изразија страв дека може да не преживеат, проследено со даватели на услуги со 26,3 отсто, изјави раководител на секторот за истражување на Институтот, Клаус Волрабе.

Секторите во кои бројот на компании кои се чувствуваат ранливи се под просекот беа во трговијата на големо – 12,8 проценти, производство – 7,5 отсто и градежништво со 3,6 проценти.