ЕкономијаМакедонија

Корона кризата удри по бизнисот во Гевгелија, најпогодени угостителите и стоматолозите

229views

Корона кризата силно ги погоди приватните бизниси во Гевгелија. Затворените граници го спречија влезот на грчките соседи, кои се главни муштерии, клиенти и пациенти во овој град. Дел од приватните сопственици кои сакаа да зборуваат пред камерата на Алфа велат дека обемот на работата драстично им се намалил додека границите беа затворени. А и сега бидејќи Македонија е на црната листа на земји кои треба да се избегнуваат поради големиот број заразени од Ковид 19, грците и натаму  се плашат да дојдат.

Сопствениците на угостителските објекти велат дека најмногу биле погодени од затворањето на границите и дека се уште немаат муштерии, ниту Грци, нити домашни. Стравуваат дека ќе биде уште полошо поради најавениот нов бран на Ковид 19.

Над 90% од муштериите во Гевгелија се Грци, кои поради стравот од корона кризата со месеци го избегнуваат овој град, а нема никакви најави дека во блиска иднина, нешто може да се промени на подобро.

Извор: Лидер