- Advertisement -
ЕкономијаСвет

Корона кризата ќе ја преживеат само 10 производители на автомобили

151views

Кризата со коронавирусот ќе придонесе за забрзување на „природната селекција“ и на светскиот пазар ќе преживеат само 10 производители на автомобили, смета консултантската компанија „Аликс Партнерс“.

Истражувањето на оваа консултантска куќа тргнува од фактот дека годинава продажбата на автомобили ќе биде за 20 милиони под минатогодишното ниво, односно како преку ноќ да исчезне пазар со големина на Европа.

Advertisement

Заздравувањето од кризата ќе трае, според „Аликс Партнерс“, неколку години, а последиците од „дарвинизмот“ во оваа индустрија ќе бидат дека само финансиски силните и иновативни производители и добавувачи ќе го преживеат претстојното чистење на пазарот.

Директорот за автомобилскиот сектор во „Аликс Партнерс“, Елмар Кадес, во интервју за ДПА изјави дека бројот на производители на автомобили може да се намали на десет.

Advertisement

Според него, германските производители припаѓаат на групата производители што ќе преживеат, иако имаат проблеми со преминот на електричен погон и софтвер, но, напомена дека, тие се доволно силни за да успеат.

Тој посочи дека со години опаѓа профитот на автомобилските компании, како резултат на инвестициите во нови технологии, и дека корона кризата само дополнително го забрза овој натамошен пад.
-Автомобилската индустрија, генерално, годинава нема да може да оствари профит, процени Кадес.

Тој изјави дека со намалувањето од 21 на 14 милиони продадени возила во Европа е забележен најголемиот пад и дека нивото пред кризата најверојатно ќе се постигне дури по пет години.

Извор: Сител

Advertisement