ЕкономијаМакедонија

„Костал“ ќе вработи нови 750 работници

„Костал“ ќе вработи нови 750 работници - Работник
247views

Германската компанија за производство на компоненти за автомобилската индустрија „Костал“ во капацитетот во Охрид наредните пет години ќе вработи уште 750 лица, односно до крајот на 2025 година ќе достигне вкупно 1 150 вработени, со што ќе биде меѓу трите најголеми производствени капацитети на групацијата во Европа. Предвидено е „Костал Македонија“, германска браунфилд инвестиција во рамки на порашените капацитети на охридски „ЕМО“, да оствари извоз од околу 300 милиони евра на годишно ниво.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој денеска беше во посета на „Костал“ истакна дека компанијата е странска инвестиција што значајно влијае врз стопанскиот развој на Охрид, истовремено и придонесува за зголемување на БДП во земјата.

„Неодамна потпишан е договор за државна помош за втората фаза од инвестицијата на „Костал“ вредна над 40 милиони евра. Како држава ќе направиме се што е во наша моќ и натаму да привлекуваме странски инвестиции, да ја помогнеме нивната соработка со домашникомпании, но и такви инвеститори што ќе вработуваат високообразовен кадар со поголеми месечни примања“, рече Анѓушев.

Тој посочи дека 42 отсто од вработените во „Костал“ во Охрид се со високообразование и оти просечната бруто плата во компанијата е 820 евра што, според него, е дел од стратегијата на Владата во насока на подобрување на условите за работа во земјата и остварување повисоки примања, пишува Капитал.

Целосниот текст можете да го прочитате тука