Кочовски: Дали најавените 750 евра просечна плата се само убава предизборна бајка или пак се сурова реалност за нашево општество?
Време за читање 1 минута
Фејсбук статус на Бобан Кочовски:
Дали најавените 750 евра просечна плата се само убава предизборна бајка или пак се сурова реалност за нашево општество?
Што тоа значи?
Со оглед на руинираноста на нашата економија, презадолженоста и несигурноста на работните места, сметам дека не постои реално применлив позитивен пристап преку кој што просечната плата би достигнала 750 евра, при што ваквите најави се само обично замајување на народот за глас повеќе.
Од друга страна, постојат два далеку поспроведливи пристапи за навистина да се добијат 750 евра – зголемување на платите на менаџерите, како и на раководните лица, но исто така и преку бркање од работа на илјадници работници кои што добиваат минималец или блиску до минималецот.
Како и да гледаме, бенефит нема да видат ниската и она што остана од средната класа, туку ќе дојде до збогатување на оние кои веќе се богати.
Се надевам дека нема да бидеме непријатно изненадени со вториот пристап и дека сето ова ќе биде само обично предизборно ветување, затоа што алтернативата е далеку посурова.
750 евра просек е нереална сума која што нема примена во праксата, освен да биде предмет на потсмев помеѓу народот.
Latest posts by Редакција (see all)