- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Кој во Загреб заработува речиси 3,000 евра месечно?

Кој во Загреб - Работник
868views

Просечната месечна плата во Загреб за јуни месец изнесувала 1,106 евра, што е номинално за 6,6 % повеќе во однос на јуни минатата година. 

Ова го покажуваат податоците на Одделението за статистика на Градскиот кабинет за стратегиско планирање и развој на градот Загреб. 

Просечната плата на ниво на Хрватска исплатена во јуни била 955 евра. 

Според податоците на Одделението за статистика на Градскиот кабинет за стратегиско планирање и развој на градот, најголема просечна нето плата во Загреб за јуни месец е исплатена во дејноста сурова нафта и природен гас, во износ од 2,978 евра, пренесува Вечерни лист. 

Спротивно на тоа, најниската исплатена плата е во производството на кожа и сродни производи и изнесува 599 евра. 

Просечна месечна исплатена бруто плата кај правниците лица во Загреб за јуни оваа година изнесувала 1,536 евра, што е пораст од 4,5 % во однос јуни 2020 година. 

Извор: b92.net

Фото: : Depositphotos, Bumble-Dee