- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Кој колку должи – УЈП ја објави најновата Листа на должници

УЈП - Работник
238views

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.03/2021 за долгови доспеани до 30.11.2020 и неплатени до 28.02.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.03/2021 објавени се 2.790 должници – правни лица (помалку за 28 од претходната листа) и 1.825 физички лица (помалку за 28 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.03/2021 изнесува 10.087.488.923 денари, помалку за 193.775.645 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.035.439.846 денари (помалку за 187.957.192 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 52.049.077 денари (помалку за 5.818.453 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.