- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Кратење на платите во администрацијата само доколку има политички консензус и консензус во Владата

404views

Владата нема консезус за носење одлука со која би се скратиле платите на административците. Министерката за финансии,  вели дека за да се разгледува ваква одлука потребен и политички консензус, но и консензус во Владата.

-Темата е сензитивна и многу често се вадат од контекст изјавите кои потоа се пласираат за добивање на политички поени, без воопшто да се има предвид кој би бил предложениот модус, колку би бил праведен и што би значел, вели Ангеловска.

Advertisement

Појаснува дека во администрацијата има луѓе кои за време на оваа здравствено-економска криза работат двојно и тие треба да бидат наградени.

-Но, во исто време имаме многу голем дел кој речиси 2 месеци половина од деновите не работеше, дел можеби имаа одреден ангажман од дома, а дел воопшто немаа. Системот во јавната администрација нема можност во вакви услови да препознае заслуга спрема продуктивност и придонес. Но секако тоа е реформата во јавната администрација на која што Министерството за информатичко општество работеше и верувам со уште посилно темпо ќе продолжи да работи по кризата, вели Ангеловска.

Advertisement

Посочи дека во ниту еден момент не се разговарало да се скратат платите на административците со ниски примања.

-Би било контрадикторно да зборуваме за помагање на сите граѓани со намалени доходи и за стимулирање на приватна потрошувачка, ако во исто време на сите работници со ниски примања во јавната администрација им скратиме дел од месечните примања. Од друга страна, мора да имаме предвид кој ја полни државната каса од каде се исплаќаат и платите на јавната администрација. Во услови кога е „повреден“ приватниот сектор кој е главен полнач на буџетот, а со тоа и голем дел од работниците во приватниот сектор се појавува разумното прашање – каква порака праќаме ние дека сме солидарни и го делиме товарот сите заедно?, прашува Ангеловска, додавајќи дека ваква одлука ќе се донесе само со мнозинство во Владата.

Извор: Сител

Advertisement