ЕкономијаСветСветот на работникот

Крај на една ера: Авиокомпанија прекинала со работа- 2,300 вработени останаа без приходи

Крај на една ера - Работник
207views

Најголемата европска регионална авиокомпанија „Флајби“ (Flybe) престанала со работа доцна синоќа.

Флајби побарал позајмица од 100 милиони фунти од страна на Владата на Обединетото Кралство, но според доверлив извор на Би – Би -Си, истатата не му била одобрена.

Авиокомпанијата се обратила до Владата молејќи за помош со која би можела да продолжи со работа до крајот на месецот и да се обиде да ја надмине сериозната криза поради епидемијата на корона вирусот, пишува Авиатика.

Имено, компанијата како и многу други ширум светот, во последниве неколку денови е соочена со сериозни проблеми бидејќи бројот на патници во најмала рака е преполовен.

Како што ИАТА пред неколку дена изјавила, авиосообраќајот се наоѓа во можеби една од најголемите кризи во последните десет години. Корона вирусот довел речиси до прекин на купување на билети, откажување на голем број на претходно направените резервации или непојавување на патниците на летовите.

Сите авиокомпании трпат огромна штета и изгубена добивка, а финансиски слабите комапнии, како што е Флајби кои веќе долго време се мачат да ја одржат ликвидноста, ризикуваат со престанок на работата.

Токму тоа му се случило ноќеска на овој британски авиопревозник, чиј престанок со работа оставил околу 2,300 вработени без работа, но и голем број на мали британски аеродроми без никаков сообраќај. Флајби, освен што е најголема европска регионална авиокомпанија, била и компанија со најголем број на линии во домашниот сообрќај внатре во Велика Британија.

Интернет сајтот на авиокомпанијата Флајби престанал со работа во 23:45 во средата на 4 март отрпилика во исто време кога последните летови на оваа овие комапнија се извршени, а авионите приземјени.

Британските медиуми очекувале дека комапнија ќе објави банкрот во текот на ноќта или денеска наутро. Индепендент малку после полноќ пренел дека компанијата прекинала со сообраќај и ги откажала сите наредни летови оставајќи над десетина илјади патници без платеното патување.