- Advertisement -
МагазинНовости

Крводаретелска акција на групацијата Новоматик (Адмирал, Астра, Казино Фламинго Хотел Гевгелија и ХТЛ Македонија)

Крводаретелска акција - Работник
144views

Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, групацијата НОВОМАТИК започна со голема крводарителска акција во која се вклучени вработените во автомат клубовите Адмирал и Астра, Казино Фламинго Хотел Гевгелија и ХТЛ Македонија. Денес тие даруваа крвни единици во Домот на хуманитарни акции Даре Џамбаз во Скопје и во Казино Фламинго Хотел во Гевгелија. Акцијата продолжува и во следните денови на која ќе се приклучат сите вработени во автомат клубовите, членки на Групацијата Новоматик во Северна Македонија.

Ние како општествено одговорни компании, целосно сме свесни дека врвен приоритет е заштитата на здравјето на граѓаните и одржување на капацитетите на јавното здравство и затоа се решивме на ваков чекор. Веруваме дека во услови на ваква сериозна криза ќе дадеме скромен придонес во обезбедување на крвни единици за оние пациенти на кои им се неопходни.

Актуелната крводарителска акција е продолжение на серијата хуманитарно-донаторски активности кои ги реализиравме од почетокот на светската пандемија со „Ковид-19“. Казиното „Фламинго“ – Гевгелија го отстапивме за карантин, во јавните здравствени установи дониравме болнички кревети и медицински материјали во вкупен износ од 200 илјади евра. За време на оваа криза ги задржавме сите вработени, иако оваа дејност од 15 март не работеше цели 100 дена и не остваруваше никакви приходи. На 22-ри ноември, без разлика што законски определеното работно време во индустријата за организирање игри на среќа е 24/7, како наш придонес во борбата за справување со пандемијата, самоиницијативно донесовме одлука, веднаш да ги стопираме сите угостителски услуги во автомат клубовите и казината со кои ние стопанисуваме, во периодот од 21 до 07 часот, како соодветна поддршка на рестриктивните мерки предложени од Кризниот штаб, а усвоени од Владата на Република Северна Македонија.

Уверени сме дека ваквиот наш пристап е единствено исправен во услови на вакви предизвици за нашето општество. Целиот изминат период имаме разбирање за потешкотиите со кои државните институции се соочуваат при справувањето со светската пандемија на „Ковид – 19“. Затоа, свесно се ставаме во служба на јавниот интерес, стои во соопштението на групацијата Новоматик. 

 

Advertisement