МакедонијаПравда

„Крвта ни ја испивте, доста е“: Протест против поскапувањето на струјата во Скопје

140views

Во Скопје вчера се одржа протест против поскапувањето на струјата. Учесниците на протестот се собраа во Паркот на жената борец и во паркот во Чаир, од каде потоа се упатија пред зградата на Владата.

 Во услови на пандемија, кога многу граѓани губат работа и кога им ги намалуваат платите, многу влади во Европа ја намалија цената на струјата додека трае кризата. Но кај нас не беше така. Кај нас ја поскапија струјата. ЕВН, МЕПСО, ЕСМ трпеле поради кризата. А граѓаните не трпат? Што е поважно? Профитите на капиталистите и вдомувањето на партиските војници или животниот стандард на обичните граѓани? Не смееме да го дозволиме овој удар на нашиот грб! Да го кренеме нашиот глас! Од нас зависи! Да се обединиме, Македонци, Албанци, Роми, Турци и останати, да се обединиме и да се спротивставиме! Да не им дозволиме да им помине поскапувањето на струјата, истакнаа организаторите.

Повеќе прочитајте на Лидер.мк