МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Кризен Штаб на Македонскиот дипломатски синдикат: МНР да се држи до мерките на Владата

   Време за читање 2 минути

Соопштението на Македонскиот дипломатски синдикат при САДУ ви го пренесуваме интегрално:

На својот прв виртуелен состанок одржан денеска, Кризниот штаб за справување со епидемијата COVID-19 на Mакедонскиот дипломатски синдикат донесе одлуки да бара од раководството на МНР:

  1. Да се придржува до Законот за административни службеници и да го почитува членот 73 ст. 19 за придржувањето кон Законот за административни службеници во делот на заштита од болест, безбедност и здравје при работа;
  2. Да преземе мерки согласно Одлуката на Владата за изменување и дополнување на Одлуката за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19;
  3. Значително да се редуцира присуство на вработените во МНР на минимално неопходниот број, се додека трае епидемијата COVID-19, при што е можно да бидат употребени модалитети на дежурства, ротации и работа од дома за оние служби каде што тоа е возможно;
  4. Најитно да бидат поделени заштитни средства, како што се ракавици, маски и сл. на вработените.
  5. Вработените што ќе доаѓааат на работа да бидат прераспределени така што ќе бидат сместени во што помал број во канцелариите, а секаде каде што има можност и сами.
  6. Имајќи го ризичниот фактор во дипломатската професија предвид, на влезовите во МНР да се постават термални камери за проверка на температура, одн. можната заразеност со виусот COVID-19;

Кризниот штаб бара од раководството на МНР сериозно и одговорно однесување, бидејќи не постои поголема вредност од човечкиот живот. Доколку се продолжи со оглушувањето на нашите барања, предупредуваме дека секој случај на влошување на здравјето на вработените ќе повлече барање за лична одговорност.

Извршниот одбор на Македонскиот дипломатски синдикат, денеска, на својот прв виртуелен состанок, донесе одлука да формира Кризен штаб за заштита од епидемија COVID-19. Кризниот штаб е формиран во отсуство на одговори на бројните иницијативи, предлози и барања упатени до раководството,  како форма на самоорганизирање на вработените во МНР.

Кризниот штаб ќе биде во постојано заседание, се до завршувањето на епидемијата COVID-19 и ќе одржува состаноци според потребите, онлајн.