КСОМ и „Гласен Текстилец“ со поддршка на протестот на гранските синдикати при КСС
Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија – КСОМ даде поддршка на претстојниот протест на гранските синдикати при КСС, кој ќе се одржи на 30 март, поради неусогласувањето на колективните договори со растот на минималната плата.
Поддршка на протестот даде и Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“, од каде рекоа дека ќе бидат присутни на престојниот предупредувачки протест.
Од КСС пак, рекоа дека ја ценат секоја заложба на општествените чинители кои бараат унапредување на работничките права.