МакедонијаСиндикат

КСОМ со протест по повод 1 мај

КСОМ со протест по повод 1 мај - Работник
280views

На протест ќе излезе Конфедерацијата на синдикални организации, а како што најави нејзиниот претставник, Маријан Ристески, годинава ќе ги прошират нивните барања за заштита на правата на работниците. Поради тоа што во последно време се регистираат напади врз припадници на шумската, затворската и редовната полиција, најави дека ќе побараат законски измани со кои ќе се зголеми нивната заштита. Тој ги повика сите работници да се приклучат на протестот.

„Доаѓа времето на синдикални претставници кои знаат како да ги бранат правата на работниците. Има прекувремена работа, има прекршување на работнички права, не се почитува Законот за работни односи. Ние како работници мора да го кренеме гласот“, нагласи Ристески.

Извор: ДојчеВеле