МакедонијаСиндикат

КСОМ ќе организира традиционален марш за 1 мај

КСОМ ќе организира традиционален марш за 1 мај - Работник
311views

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија – КСОМ по повод 1 мај – Меѓународниот ден на трудот ќе одржи традиционален марш.

КСОМ ќе бара измени во во кривичниот закон за да се заштитат припадниците на шумската, затворската и редовната полиција, поради тоа што големи се кршењата на правата во овие сектори.

Од КСОМ ги повикаа и работниците од приватниот сектор да им се приклучат на маршот. Според нив, тие работници можат многу тешко синдикално да се организираат за да бараат поголеми права.

Маријан Ристески од КСОМ вели дека во јавниот сектор има некакво синдикално организирање, додека во приватниот сектор нема воопшто, бидејќи работниците се изложени на притисоци од работодавачите, за да не формираат синдикални организации.

Извор: SkopjeInfo