МакедонијаНовостиСиндикат

КСС во соработка со Solidarity Center во Битола организираше конференција под мотото “Да зборуваме гласно! Да работиме гласно! Заедно за пристојно, безбедно и здраво работно место!”

   Време за читање помалку од минута

Фејсбук статус на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија: 

На ден 04.10.2023 во х. Милениум во Битола КСС заедно со Solidarity Center од Америка ја организира втората конференција под мотото Да зборуваме гласно! Да работиме гласно! Заедно за пристојно, безбедно и здраво работно место!
Безбедноста и здравјето при работа е еден од најважните сегменти на работното место, за пристојна работа, а соработката на локално ниво како и на национално ниво е важен елемент кој придонесува за побезбедни работни места.
На конференцијата во Битола пред присутните беше презентирана мисијата и визијата на Синдикалниот совет за БЗР при КСС, а панелисти беа Градоначалникот на Општина Новаци, г-дин Стевче Стевановски, Претставникот од ЛЕСС Битола, Кире Ѓорѓиевски, г-дин Пеце Милевски, Претседател на АДКОМ.

Screenshot 20231004 144956 Facebook