МакедонијаНовостиСиндикат

КСС во соработка со Solidarity Center од Америка организира „Академија за лидерство на КСС“

   Време за читање помалку од минута
Фејсбук статус на КСС:
 
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија заедно со Solidarity Center од Америка организира ,,Академија за лидерство на КСС”/KSS’s Leadership Аcademy. Од 14-16 Ноември во Охрид се организира вториот дел од академијата.
Систем на работни односи, колективно преговарање и законски прописи од трудовата област е вториот од трите модули предвидени на Академијата каде учесниците ќе се стекнат со знаење за работничките права и законската легислатива кои ги уредува тие права. Исто така во овој модул ќе се обработат и содржини поврзани со колективно договарање и социјален дијалог.
Учесници на академијата се синдикални лидери, претставници од Секцијата на млади и Секцијата на жени при КСС. Претставници од Solidarity Centar се Kejsi Gaxha и Steven McCloud, програмски директор за Албанија, Косово и Македонија.