МакедонијаСветот на работникотСиндикат

КСС: Двајца работници го изгубија животот на работно место

КСС: Двајца работници го изгубија животот на работно место - Работник
250views

Во интервал од два дена – двајца работници го изгубија животот на работното место. Како што објавија медиумите едниот работник, вработен во ЕВН починал од струен удар во Крива Паланка, додека другиот работник од Богданци, кој бил ангажиран за изведување градежни работи на куќа во нас. Радишани, истакнаа од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС на нивната веб страна.

Од таму апелираат работодавачите да го почитуваат Законот за безбедност и здравје при работа и како приоритет да им биде заштитата на работниците, наместо профитот.

„Немаме информации за тоа како се случиле несреќите и дали претходно биле преземени соодветни мерки за безбедност, но бараме од институциите да ја утврдат одговорноста“, наведуваат од КСС.

Потсетуваат дека токму во овој период КСС работи на кампања за Безбедност и здравје при работа и секојдневно споделува информации од статистика и законска регулатива со цел подигање на свеста за оваа проблематика, како кај работниците, така и кај работодавачите.