МакедонијаСиндикат

КСС е дел од проектот за активно стареење и меѓу – генерациски пристап

КСС е дел од проектот на Европските социјални партнери за безбедност и здравје при работа - Работник
337views

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, учествува на проектот за активно стареење и меѓу – генерациски пристап, коишто е базиран на рамковната спогодба, а треба да се примени во законодавниот систем на Р. Македонија.

Ангел Панев од КСС, учествува во проектот, како дел од групата за развој на проектот, од аспект на здравје и заштита при работа, кој ќе заврши во 2020 година, под наслов: „Иницирање на активности за имплементирање на самостојната рамковна спогодба за активно стареење и меѓу – генерациски пристап“. Овој проект е во соработка со полскиот синдикат „Солидарност“.

Тој наведе дека негова задача е да го менаџира проектот, додека стручниот дел ќе го работи национален правен експерт преку работилници, анализи и студии на случај.

Според него придобивките од проектот можат да бидат големи бидејќи кај нас сеуште не е опфатен тој дел на прашања за постари работници и нивните услови и права. Тој истакна дека има еден сегмент Законот за работни односи којшто опфаќа делови за постари работници, но тој е многу лимитиран. Со овој проект се предвидуваат малку пошироки опфаќања на правата и условите на постарите работници, до нивно пензионирање за да им се олесни работата, нивното активно и рамноправно учество во работниот процес и тука се застапени сегменти, пред се поврзани со заштита, безбедност и здравје при работа, како и правата на работниците до нивно пензионирање за да бидат активни чинители на пазарот на труд.

Имено, Социјалните партнери, коишто се вклучија во изработката на оваа спогодба се BusinessEurope (организација за економска соработка), UEAPME (Европска асоцијација на занаетчиски, мали и средни претпријатија), CEEP (Европски Центар на Работодавачи и Претпријатија, кои овозможуваат јавни сервиси и сервиси од општ интерес) и Европската Конфедерација на Синдикати (како и посредничкиот Комитет EUROCADRES/CEC{Совет на Европски професионалци и менаџери}) се договорија во контекст на Работната Програма (2015-2017) да преговараат за самостојната рамковна спогодба за активно стареење и меѓу – генерациски пристап.