КСС започна со низата конференции под мотото: “Да зборуваме гласно! Да работиме гласно! Заедно за пристојно, безбедно и здраво работно место!”
Фејсбук статус на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија:
КСС заедно со Solidarity Center од Америка организира низа конференции чија главна тема е безбедноста и здравјето при работа како еден од најважните сегменти на работното место, за пристојна работа. Конференциите се одржуваат под мотото Да зборуваме гласно! Да работиме гласно! Заедно за пристојно, безбедно и здраво работно место!
На конференцијата во Штип на 03.10.2023 година беше презентирана мисијата и визијата на Синдикалниот совет за БЗР при КСС, а панелисти беа Градоначалникот на Општина Штип, г-дин Иван Јорданов, Градоначалникот на Општина Свети Николе, г-дин Дејан Владев, г-дин Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија и г-дин Глигор Арсов од ТДПТПУ,, ГАТАКС” Штип.