МакедонијаСиндикат

КСС излезе со свои ставови по повод 28 април

КСС излезе со свои ставови по повод 28 април - Работник
421views

Ниту една работа не смее да ја одземе безбедноста, здравјето и благосостојбата или животот на работниците. Секој ден ширум светот дневно умираат 7500 работници поради небезбедни и нездрави работни услови, а еден 1 милион работници се повредуваат на работното место, напиша Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, по повод 28 април – меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа.

Тие истакнаа дека работниците во Македонија исто така влегуваат во оваа статистика што покажува зголемениот број на несреќи при работа и лица починати при работа.

Според нив, Законот за безбедност и здравје при работа кој што беше донесен во 2007 година и кој што беше усогласен со европското законодавство, кој претрпе и низа измени не се применува целосно. Покарај законската регулатива како и подзаконските акти кои се веќе донесени, кои се полни со недоречености, КСС веќе подготвува свои предлози. Меѓу останатото сметаме дека во Македонија не постои соодветна законска регулатива ниту пак начин на мерење или утврдување на професионалните заболувања. КСС како дел од Европската конфедерација на синдикати целосно го поддржува нивното барање за донесување на нова Директива која ќе ги задолжи работодавачите да воспостават систем за идентификување и превенирање од стрес на работно место, за што ние како синдикат ќе вложиме напори за усогласување на Законот за безбедност и здравје при работа со Европското законодавство.

Од КСС додаваат дека имплементацијата на стратегијата и акцискиот план за здравје и безбедност при работа, меѓусекторската соработка на синдикатите, организациите на работодавачи, граѓанскиот сектор, но исклучителна улога има и Државниот инспекторат за труд во подобрување на безбедноста и здравјето при работа.

Извор: КСС