- Advertisement -
МакедонијаСиндикат

КСС најави порадикални мерки- удар и врз репрезентативноста

КСС најави порадикални мерки- удар и врз репрезентативноста - Работник
1.16Kviews

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС денеска испрати уште едно предупредување до Владата на Република Северна Македонија, дека е во тек на подготовка за преземање на порадикални синдикални чекори доколку не се изнајде решение во најкус можен рок, истакнаа од КСС во соопштението за медиуми.

„Поминаа веќе десетина дена од последниот протест на КСС во Скопје и сеуште од Владата останаа неми и глуви на нашите барања, но затоа се случија нови заплашувања, уцени и удар врз синдикалните организации и членови, после масовниот протест“, наведуваат од КСС.

Advertisement

Од таму информираат дека за да може КСС да се спречи во докажување на својата репрезентативност пред Комисијата за утврдување на репрезентативност, КСС се соочува со проблеми во собирањето на списоците, каде согласно Закон, работодавачот е должен да издаде список на членови кои плаќаат чланарина, а велат дека не можеле да соберат списоци дури за 30 – 40 проценти од нивните членови затоа што директорите имаат инструкции да не доставуваат списоци со членови на синдикатот, што е законска обврска.

Тие уверуваат дека дека начинот на кој што сакаат да манипулираат со јавноста не проаѓа затоа што КСС својата репрезентативност ја докажа на улиците на главниот град, и со само 70 проценти од собраните списоци за репрезентативност секако докажуваме репрезентативност со значителен број на членови во јавниот сектор.

Advertisement

Од КСС наведоа дека са оваа ситуација ќе бидат известени и Европската конфедерација на синдикати (ЕТУК), Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУК) и Меѓународната организација на трудот (МОТ), затоа што грубо се крши слободата на синдикално делување.

Тие додадоа дека КСС во известувањето до Владата предупреди дека доколку во следниот период не бидеме повикани на состанок и не изнајдеме конкретни решенија на нашите барања, КСС ќе излезе со порадикални синдикални активности.

 

Advertisement