МакедонијаСиндикат

КСС: Не застануваме се додека не се исполнат нашите барања

327views

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) на почетокот од оваа година, организираше два протести, во Штип и Кичево, на кои ги искажа своите ставови за немањето на социјален дијалог со социјалните партнери по однос на прашања поврзани со работнички права.

КСС како свои барања на протестот ги посочи: пристојната плата, усогласеност на просечната со минималната плата, исплата на К-15 во јавниот сектор, работа без притисок и мобинг, сигурност на работното место, почитување на колективните договори и т.н.

„Ние се стремиме кон тоа да се избориме за поквалитетни услови за работа за нашите членови. Еден од најголемите проблеми на работниците во јавниот сектор, покрај малите плати, се и притисоците, кои имаат политичка позадина од страна на одредни моќници. Потоа, голем проблем е и намерата од страна на Владата да се направи трансфер на работниците од јавен во приватен сектор. Оваа транзиција може да направи да се создадат голем број на технолошки вишоци. Исто така, колективните договори не се толкуваат онака како што се пропишани и се прави отстапки од нив. Има уште низа на прашања, со кои се соочуваат работниците во јавниот сектор и затоа ние сакаме да седенеме на заедничка маса со засегнатите институции и да пронајдеме одговор на сите прашања, кои се однесуваат на работниците во јавниот сектор и нивните права“, изјавија од КСС.

Тие велат дека имаат голем притисок од нивните членови за да започнат генерален штрајк. Доколку во поскоро време не се отвори дијалог со институциите, тие ќе започнат со радикализирање на нивните активности.

Според КСС, тие во последните три години трпат големи притисоци и закани, а како показател на моќта на власта кон синдикатите, беа отпуштени Претседателот на КСС и неколку Претседатели на гранковите синдикати, од работните места

„Власта наместо да покаже интерес за преговори во врска проблемите на работниците, тие ни се закануваат и отпуштаат наши членови. Го отпуштија Претседателот на КСС од работното место и покрај критиките на Меѓународната Конфедерација на синдикати и Европската Конфедерација на синдикати. Ние гледаме само неволност за соработка од нивна страна. Исто така, вршењето на мобинг врз нашите членови, поради партиска припадност, бараме веднаш да престане“, додаваат од КСС.

Тие највија дека ќе продолжат со своите активности се додека не добијат зелено светло од Владата за седнување на заедничка маса и рашвање на синдикалните прашања.