Синдикат

КСС: По нашите докази, европските синдикати го повикаа Премиерот да ги почитува работничките права

КСС: По нашите докази - Работник Фото: КСС
729views

Соопштението на Конфедерацијата на слободни синдикати ви го проследуваме интегрално:

По доказите кои Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) веќе подолго време ги изнесува, за непочитување на правото и повредата на правото на слободна на синдикално здружување пред меѓународниот фактор, Европската конфедерација на синдикати (ЕТУК) објави документ со кој го повикува лидерот на државата да ги почитува правата на работниците во согласност со меѓународни обврски, како и да обезбеди владеење на правото и изразија жалење за недобивањето датум на преговори. Ви ја пренесуваме во целост  изјавата на ЕТУК, донесена на Извршниот одбор на Пан-европскиот регионален совет.

” Жалиме за одлуката на Европскиот совет за неотпочнувње на  преговорите за пристапување во ЕУ на Македонија и Албанија и ја изразуваме нашата солидарност со работниците и нивните синдикати во овие земји. Тие се соочуваат со огромни предизвици на дефицит на пристојни работни места, непочитување на законите, ниски плати, високо ниво на неформална работа, како и систематска повреда на основните права и слободи на работниците, и на кои им треба јасна Европска перспектива со цел истите да ги исполнат.

Отворањето на преговорите можеше да ги натера овие земји да ги исполнат предизвиците, како и да ја реафирмираат непобитната улога на социјалните партнери во градењето одржливи, инклузивни и демократски општества.

Ги повикуваме лидерите на Северна Македонија и Албанија да ги почитуваат основните права на работниците во согласност со нивните меѓународни обврски, да обезбедат владеење на правото и да го промовираат Европскиот Социјален Модел.

Ги повикуваме и лидерите на Европската унија да започнат преговори за членство, но исто така и да се осигурааат дека правата на работниците се соодветно третирани и дека синдикатите се составен дел од тој процес.

Ја повикуваме новата Европската комисија да претстави нов модел на политиката на проширување на ЕУ, со поголемо внимание на социјалните права и заштита и со обезбедување целосна вклученост на синдикатите преку социјален дијалог како на европско ниво, така и на национално ниво.”