МакедонијаСветот на работникотСиндикат

КСС презентираше видео за нивната синдикална борба

КСС презентираше видео - Работник
874views

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, денеска ја одржува третата синдикална школа u на тема „ Улогата на синдикатот и значењето на синдикализмот во социо – економските текови во општеството“ во х.Арка во Скопје.

На синдикалната школа учествуваат голем број на членови од сите грански синдикати при КСС. На оваа синдикална школа се обработуваат теми кои се од значење за унапредување на знаењата на синдикалните претставници  од областа на синдикализмот, човековите права, законот за работни односи и улогата на синдикатите како фактор во општеството за подобрување на економско-социјалната положба на работниците.

Синдикатот исто така е чинител во општеството кој бара да се почитуваат законите кои се однесуваат на работниците  и бара почитување на правото.

Предавачи на синдикалната школа се, Проф. д-р, Гордан Калајџиев и Проф. д-р, Лазар Јовевски.

Од КСС објавија и видео во кое се споени сите нивни активности од последните две години. Од таму сметаат дека со ова видео сакаат да ја пренесат пораката дека тие се борат за да ги остварат работничките права.

Видеото можете да го погледнете тука