Правда

КСС преку Јавен протест ги искажа своите барања

264views

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денес го одржа најавениот Јавен протест кој започна од Порта Македонија преку Министерството за правда до Владата на Република Македонија каде работниците членови на гранските синдикати при КСС излегоа на мирен протест да ги истакнат своите барања за покачување на платите во јавниот сектор, к-15 во јавен сектор, почитување на законите, применување на колективните договори, ослободување од притисоци на работните места, отпочнување на преговори за измени на Општиот колективен договор.

1    3

„Денес се собравме овде сите заедно да побараме социјална правда, да си ги побараме нашите права, да престане кршењето на Законите,  за подобар живот, за достоинствен приход, за сигурни работни места. На вчерашната средба со претставници од Владата на Р.Македонија ветено ни е дека се разгледуваат нашите барања и дека мора да бидеме малку трпеливи за да се направат дополнителни консултации и пресметки околу нашите барања. Се надеваме на искреност и конструктивност од нивна страна и мислам дека треба да продолжиме по овој пат што го почнавме како Конфедерација на слободни синдикати за да може на еден демократски начин да имаме пристоен приход и пристоен живот за сите работници во државата. Продолжуваме да бидеме силата на новото време“ изјави Претседателот на КСС Благоја Ралповски.