МакедонијаСиндикат

КСС: Светската Конфедерација на синдикати ќе побара специјална мисија во Македонија

КСС: Светска Конфедерација - Работник
893views

Вчера членовите на Извршниот одбор на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС одржаа средба со уште еден висок претставник на на Светската Конфедерација на синдикати (ИТУК), специјалниот советник на Генералниот Секретар на ИТУК, г-динот Јап Винен.

Според нив, досега КСС има остварено повеќе средби со високи претставници од Светската конфедерација на синдикати (ИТУК), во која што се и полноправни членки, кои се потполно запознаени со состојбите со синдикалното организирање и синдикалното делување во Македонија, со кршење на законите, непочитување на колективните договори, загрозување и директно мешање во синдикалното организирање, како и со кримналните дејствија нанесени врз синдикатот во организација на високи претставници од Владата, за кои се водат судски постапки и за кои добиваат позитвни судски пресуди.

„Средбата со г-динот Винен беше од големо заначење бидејќи се разговараше подетално за недозволивите состојби во областа на синдикалното движење во Македонија, а исто така и за понатамошните чекори кои заеднички треба да ги преземеме со цел да се прекине овој несоцијален и недемократски начин на кој делува Владата кон синдикатите, односно кон КСС“,  велат од КСС.

Тие истакнаа дека Специјалниот советник, г-динот Винен ќе побара специјална мисија, во организација на Светската и Европската конфедерација на синдикати заедно со Меѓународната организација на трудот за состојбата со синдикатот во Македонија, бидејќи бил донесен заклучок дека во оваа држава таква специјална мисија е навистина неопходна.

Од КСС наведоа дека исто така имале и плодна дискусија околу економскиот и стопанскиот развој во Македонија, околу законот за работни односи за кој се согласиле дека е по европски терк, но и за останатите закони кои се однесуваат на работниците.