МакедонијаСиндикат

КСС со моќна порака за денот на трудот

КСС со моќна порака за денот на трудот - Работник
789views

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС излезе со свој прво мајски проглас, во кој укажува на лошата ситуација на работничките права и непочитувањето на трудот.

Од КСС во прогласот пишуваат дека денес треба да се потсети за борбата на браќата и на сестрите кои низ многу тешки битки, со дадени жртви, се изборија за подостоинствено вреднување на трудот.

„Основните работнички права се заработени со крв и затоа ние имаме аманет да се бориме да ги сочуваме. Сето друго е предавство на минатото, предавство на работникот! Затоа, денес ние со нашите семејства, пријатели, колеги, ќе ги споменеме и уште еднаш ќе го дадеме заветот дека секој ден од годината ќе работиме  достоинствено, посветено, праведно и чесно само во интерес на работничките права, како и досега“, истакнуваат од КСС.

Тие нагласуваат дека денеска, во 21 век дека има сериозно кршење на работничките права, кршење на основните елементи на работничките права пропишани со Устав и Закон, со Законот за работни односи, на основните постулати на работничките права, на правото на пристојна плата, на правото на сигурност на работното место, на правото на одмор, како и на правото на здрави и безбедни работни места.

„Денес,  ќе ги споменеме уште еднаш, за да се присетиме и  за да ги потсетиме дека сме понижени, дека се злоупотребува трудот, работникот во нашата ″демократска″ земја, дека не се почитуваат Уставот и Законот, дека сме прогонувани, уценувани и заплашувани кога ќе побараме правда, дека сме социјална категорија со социјални примања, дека и ние имаме семејства, дека и ние мораме да платиме сметки за комуналии, дека и нашите деца заслужуваат среќно детство, да појдат на одмор, да се облечат, дека нашите деца заслужуваат квалитетно образование, дека и ние заслужуваме достоинствен живот, но очигледно сите се глуви и нашиот глас не стасува до таму каде што е упатен“, наведоа од КСС.

Се осврнаа и на тоа дека Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија  во многу наврати во минатото, покажа и докажа дека постои синдикат, дека нашите членови веруваат во заклетвата за одбрана на работничките права, не застануваме, затоа што времето одамна истече, затоа што повикува крикот на работникот, иако повторно добивме закани, но се уверивте самите дека вистинското  синдикалното движење постои, дека работниците се разбудени. А знаете ли зошто? Затоа што сме понижени.

Порачаа веднаш да се почне со решавање на нивните барања, затоа што моментот е алармантен, затоа што сите европски и светски организации кои ги третираат  правата на човековата слобода, правото на слободно здружување, правота на работникот во своите извештаи Ви порачаа дека Македонија е оценета со оцена 3 каде постојано се кршат работничките права, каде што не се почитуваат Законите. Рангирани сме во група со земјите од Африка – жално и загрижувачко.

КСС на крајот од прогласот им упати синдикален поздрав на сите работници.