МакедонијаСиндикат

КСС со претставка до Инспекторатот за труд поради повеќето случаи на теренска работа на отворено за време на топлотниот бран

КСС со претставка до Инспекторатот - Работник
114views

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, регистираше повеќе случаи на теренска работа за време на топлотниот бран кој ја зафати нашата држава во текот на претходната недела. Беа забележни градежни работници кои работеа на +40 степени. Исто така добивме информации за работа на улица, како и копање на нова улица во Скопје Север, објавија од КСС на нивната веб страна.

Тие истакнаа дека КСС по најавата за топлотниот бран преку соопштение апелираше за почитување на препораките од Министерството за Труд и Социјална политика од работодавачите, како и законот за безбедност и здравје при работа. Од КСС укажуваат на непочитувањето на препораките, конкретно препораката за избегнување на работа на отворено за време на најтоплиот период на денот (11:00 до 17:00 часот)

„Поради ова КСС поднесе претставка го Државниот инспекторат за труд со цел да се испита ситуацијата на терен и да се казнат несовесните работодавачи“, наведоа од КСС.

Од таму потсетија дека КСС води кампања ” Пристојна плата за пристоен живот” и токму месец август го посвети на темата “Безбедност при работа” преку која работи на подигање на свеста и едукација на работниците за нивните права кои им произлегуваат од работниот однос.

На фотографијата којашто е прикажана јасно се гледа дека градежниците работат за време на периодот од денот кога е препорачано избегнување на работа на отворено, велат извори од КСС, од каде е и оваа фотографија.