МакедонијаСиндикат

КСС со протест во Куманово

510views

Зголемување на платите согласно зголемувањето на минималната плата, стоп за трансфер од јавен во приватен сектор, К-15 за јавниот сектор, сигурност на работните места и пристојна плата, беа неколку од барањата, кои денеска на протестниот собир во Куманово ги истакна Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија -КСС.

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски, пред присутните порача дека без социјална правда, нема социјален мир.

„Како и што ветивме нема да застанеме во одбранувањето на нашите права. Без социјална правда, нема социјален мир. Затоа продолжуваме и за време на претседателската изборна кампања. Владата најде законско решение да им ги покачи платите на вицепрмиерите и министрите. Ние бараме според законот да ги зголемат и нашите плати, согласно порастот на минималната плата и не од сега, туку од 01.01.2019 година. Воедно порачуваме оттука стоп за трансферот од јавен во приватен сектор. Сведоци сме дека изминатава година имаше партиски и роднински вработувања. Има место и за нас во јавниот сектор. Нема да дозволиме нив да ги примат, а нас да не избркаат. КСС ви ветува дека остро ќе се спротистави на секој отказ на наш член“, рече Ралповски.

Тој додаде дека пари за К-15 има, но тие треба да скратат од нивните трошења, а не кога треба да се исплати К-15 во приватниот сектор, два месеци пред рокот за исплаќање на К-15, медиумите се полни со нивните изјави. Истакна и дека треба да докажат дека се најдобриот работодавач во државта и да докажат со пример како се исплаќа К-15.

Порача и дека продолжуваат понатака, по патот на просперитетот во државата и за тоа се денеска тука, за одбрана на работничките права. Нагласи дека без почитуван работник, нема почитувано општество.

„Затоа оттука порачуваме да седнат и да почнат да ги решаваат нашите барања, тие се согласно законот. Во спротивно не само што ќе влеземе во генрален штрајк, туку ќе почнеме и со судски рочишта, каде што ќе докажеме дека одредени надлежни лица и институции, ги имаат прекршено законите“, наведе Ралповски.

Рече дека од утре или задутри, КСС ќе почне со судски процеси, каде што ќе ги гони сите надлежни институции, кои постапиле спротивно на законите.

На присутните им се обрати и Претседателот на Самостојниот Синдикат за образование, наука и култура -СОНК, Јаким Неделков, којшто рече дека нешто многу важно се случува на денешниот ден во револуционерно Куманово.

„Апсолутно се согласувам со говорот на Претседателот на КСС. Јас во име на СОНК ќе се задржам на неколку поенти за дејностите, што ги покрива нашиот синдикат, којшто се заколна дека ќе ги брани правата на своите работници. Ние почнавме со протести од ревуционерниот Прилеп, продолжуваме и еве денеска сме повторно во револуционерното Куманово. Тоа не значи дека тука ќе завршиме. Во моментот претседателските избори малку не забавуваат, што не значи дека не спречуваат. По завршувањто на кампањата, продолжуваме со поконкретни активности“, рече Неделков.

Тој истакна дека изминатиов период биле сведоци на лаги, коишто излегувале од устите на високите политичари, за тоа дека во градниките ќе се зголемат платите од шестнаест до дваесет проценти, од 01.01.2019 година. Наведе дека четири месеци нема ништо од ветеното од страна на надлежните институции.

Неделков изјави и дека изготвен е закон за детска заштита, кој беше објавен во централниот регистар на прописи. Рече и дека тие немале прилика да учествуваат во изготвувањето на законот за детска заштита. Имало и ветување дека ќе се донесе закон за детска заштита и дека ќе се изготвел и дополнел колективниот договор за детска заштита, меѓутоа ништо од тоа.

Се осврна и на неодамнешните ветувања на еден синдикат, којшто ветил дека ќе има нивелација на платите во културата, од март 2019 година. СОНК го изготивл колективниот договор, којшто поминал на јавна расправа. Според Неделков, некој се обидува колективниот договор да го „фрли во канта“ за да не постои. Тој ја потврди изјавата на Претседателот на КСС дека ќе има генерален штрајк, со одлука на СОНК, а со приклучувањето и на другите грански синдикати, ќе има генерален штрајк во јавниот сектор.

Пред насобраниот народ се обрати и Претседателот на Регионалниот одбор на СОНК -Куманово, Никола Стојмановски, кој рече дека и покрај притисоците од одредени директори, членовите на СОНК храбро излегле на протесниот собир. Генералниот Секретар на Регионалниот одбор на СОНК-Куманово, Исмет Зекири им се обрати на присутни на албански јазик.

На протестниот собир присуствуаа членови на гранските синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати.