МакедонијаСиндикат

КСС со соопштение до јавноста ги критикува анализите претставени од Хелсиншкиот комитет

307views

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, во своето соопштение остро ги критикува двете анализи, кои беа претставени на настанот, организиран од страна на Хелсиншкиот комитет, на кој учествуваше со свој претставник. Аналзите се поддржани од Фондот за добро владеење на Велика Британија. Едната анализа беше на тема: „Стандардите на работничките права и нивната примена во Македонија“, а втората анализа беше на тема: „Мерење на степенот на задоволство од механизмите за заштита на работничките права во Македонија“. Двете анализи се дел од проектот: „Зголемување на продуктивноста преку подобрување на законската рамка за работните односи во Македонија“.

Конфедерацијата на слободни во соопштението вели дека не се согласува дека анализата е објективна и дека се идентификувани основните правци за развој на националната регулатива, која се однесува на заштитата на правата на работниците, како ни со анализата за проблеми во примената на законодавството, а не се согласува ни со делот од анализата за делувањето на синдикатите во Македонија.

КСС во соопштението додава и дека на 04.06.2018 година директно се обратила кон Хелсиншкиот комитет и кон други институции, кои се од полето на работничките права, со пишани докази во кои укажа на влошената ситуација во сферата на синдикалните движења и работничките права од страна на Владата, како и игнорирањето на синдикатите, коешто КСС го претставила до Меѓународната организација на труд, ЕУ амбасадорот, Европската и Светска Конфедерација на синдикати. Според КСС, Евроспката и Светската Конфедерација испратиле остри реакции кон Владата, но немало никакви реакции од така етаблираната организација за човекови права, Хелсиншкиот Комитет.

Како синдикат, чија основна дејност е да ги штити работничките права, КСС била масовно подложена на манипулации, закани до нивните членови, отпуштање на илјадници нивни членови од страна на директори поставени од Владата. Конфедерацијата како најочигледен пример го посочи отпуштањето на Претседателот на КСС од работното место како државен службеник. Ваквите малтретирања, закани и манипулаци уште траат.

На крај, КСС наведува дека кршењето на фундаменталните човекови права ја прави држата да изгледа како да е во Африка, а не во Европа и е аспирант за Евро-атлански интеграции. А, нереагирањето од страна на организациите за човекови права како Хелсиншкиот комитет, според КСС, покажува јасно дека тие организации се сателите на власта.