МакедонијаСиндикат

КСС со учество на трипартитна работилница организирана од МОТ

КСС со учество на трипартитна работилница организирана од МОТ-Работник
41views

Конфедерацијата на слободни синдикати зема учество на  трипартитна работилница на тема “Кон систем за предвидување на потребните вештини во Северна Македонија ”која се одржува од 10-12 септември во хотел Мериот, Скопје.

Работилницата за учење, координација и креирање е организирана од проектот Зајакнување на социјалниот дијалог со цел создавање на повеќе и подобри работни места, спроведуван од Меѓународната организацијата на трудот (МОТ), а финансиран од Европската Комисија. Работилницата се организира во соработка со Европската фондација за обуки. Презентери и фасилитатори на дискусијата се г-ѓа Алесандра Молц, специјалист на МОТ за вештини и г-а Кристина Мереута, специјалист на ЕТФ за пазарот на трудот.

Работилницата е ориентирана кон зајакнување на капацитетите на членовите на Националниот и на локалните економско-социјални совети за нивно вклучување во процесите на предвидување на потребни вештини, поврзување на постоечките институции со различни фокуси, методологии и цели, при креирање на заеднички јазик и споделување на информации, идентификување на институционалните улоги и обврски и механизми за меѓу-институционална соработка, заедничко развивање на предлози за политики и план за ефективна и координирана институционална рамка за утврдување на тековните и идните потребни вештини.

Извор: КСС