МакедонијаСветот на работникотСиндикат

КСС: Специјалната Мисија на ИТУК ќе отвори случај за непочитување на работничките права во Македонија

КСС: Специјалната Мисија - Работник
607views

Оваа недела во Македонија, Светската конфедерација на синдикати – ITUC (ИТУК) спроведува специјална мисија во Македонија со која отвара случај во својот правен сектор за непочитувањето на работничките права во Македонија и мешањето во синдикалното делување од страна на работодавачите, функционерите и претставниците од Владата.

Овие неколку дена делегацијата подетално ќе се запознае со сите случаи со кои се соочи Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија кои го попречуваат слободното и нормално функционирање на синдикатот како во секоја демократска држава.

Почнувајќи од случаите каде беа дадени отказни решенија за вршење на синдикални активности на претседатели на синдикати кои се во склоп на КСС, како и отказот на самиот претседател на КСС, потоа сите случаи на поигрување со вработените во форма на деградација на работно место, вршење мобинг и притисок на работно место, попречување во извршувањето на синдикални активности, аминистративно, односно колективно преземање на членови ( што е законски недозволиво ), спречување на синдикални активности, упад во извршување на редовни избори во синдикални организации, формирање на синдикати од страна на работодавачот.

Мисијата ја спроведува правната служба на Светската конфедерација на синдикати која е веќе запознаена со состојбите, бидејќи КСС и меѓународно известуваше за прекршување на работничките права. Г-ѓа Ениса Салимовиќ од ITUC/ PERC SEE од канцеларијата во Сараево и г-ѓа Zuzanna Muskat- Gorska од правната служба на ITUC  додека се на оваа специјална мисија ќе собере доволно детални информации за се што се случува во сферата на синдикалното делување во земјата.

На планираните средби овие неколку дена ќе присуствуваат повеќе претседатели на синдикални организации, претседатели на грански синдикати  како и адвокатите кои ги водат судските постапки кои се во голем број.

На крај од нивната посета ќе се сумираат сите детали и ќе се договорат понатамошните насоки за поднесување на  жалба до органите на Меѓународната организација на трудот за прекршување на конвенциите на МОТ во областа на слобода на здружување.