НовостиСиндикат

КСС учествуваше на финалната конференција на ЕТУК за Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на Ковид 19 кризата

   Време за читање помалку од минута

Фејсбук статус на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија: 

На 09.11.2023 во Брисел се одржа Финална конференција од проектот на ETUC: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на Ковид 19 кризата. Во рамките на оваа финална конференција се презентираа постигнатите резултати на 30 синдикати, членки на ETUC кои што спроведуваа сопствени проекти во рамки на овој проект, меѓу кои беше и КСС.
Како дел од оваа финална конференција беа и три панел дискусии каде се говореше за: фер договор за работниците преку социјален дијалог и колективно договарање; дигитални алатки за синдикална акција и зајакнување на силата на синдикатот.