МакедонијаСиндикат

КСС учествува на проектот за воведување на Европски работнички совет во Македонија

КСС учествува на проектот за воведување на Европски работнички совет во Македонија - Работник
378views

Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС е дел до проектот за воведување на Европски работнички совет кој претставува тело, што ги претставува работниците во една компанија.

Преку нив, работниците се консултираат и информираат со управите за прогресот на компанијата и секоја важна одлука на Европско ниво која може да влијае на нивната вработеност или нивните работни услови.

Ангел Панев од КСС кој е дел комитетот за развој на овој проект вели дека тоа се европски работнички совети кои во рамките на Европската Унија веќе функционираат, а додека во Македонија нив сеуште ги нема. Меѓутоа кога ќе дојде во прашање на усогласување на македонската легислатива со европската, во преговорите за интеграција во Европската Унија ќе се постави тој сегмент каде што Македонија ќе мора нив да ги вклучи и процесуира.

„Ние од КСС уште на почетокот се вклучуваме во проектот и ја работиме таа тема, иако ние во проектот сме хендикепирани, бидејќи сите земји што учествуваат, кај нив тоа функционира и проектот конкретно опфаќа делови за финансирањето и заштитата на личните податоци, што ги добиваат работничките совети. Тоа една напредна фаза, а ние сме назад во тој процес и добро е што сме во група на земји каде што тоа е веќе разработено за да тие грешки што ги имаат тие направено да не ни се повторат нас. Кога и да е, ќе дојде и кај нас време кога тој процес ќе треба да го имплементираме и добро е да бидеме подготвени и како синдикат, да го разграниме тој дел за да не ни се случат грешки кои им се случуваат на Хрватска, Словенија, Словачка и Чешка во процесуирањето на работата на тие работнички совети“, рече Ангел Панев, за порталот Работник.