ЕкономијаМакедонијаСиндикат

КСС: 4,2 % покачување на просечна плата за 3 месеци? – Популистичка мерка или реалност

КСС: 4,2 % покачување на просечна - Работник
813views

По последните објавени податоци од Државниот завод за статистика за висината на просечната плата за месец мај 2019 година, податоците пoкажуваат дека просечната плата се зголемила за дури 4.2 % за три месеци, а во споредба со претходниот месец платата е покачена за 2%?

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија се прашува дали се прави манипулација со бројките во начинот на пресметката на висината на просечната плата, затоа што смета дека во дадениот период нема значително покачување на платите, па да може просечната плата да се покачи за толкав висок процент.

„Статистиките на Државниот завод за статистика служат за манипулирање со работниците, а и целата македонска јавност со цел да се создаде една лажна слика за тоа колку напредуваме во ова поле и да се избегне суровата реалноста која укажува на тоа дека стагнираме. Во ниедна дејност нема значително зголемување на просечната плата, онолку колку што велат статистиките на ДЗС“, велат од КСС

КСС се прашува и дали навистина земја како нашата согласно развојот има реален капацитет за покачување на платите за толкав процент, кога во ниту едно јавно претпријатие, институција или во рамки на државната администрација не се зголемени платите.

„Согласно економскиот капацитет на државата, таа нема толкав капацитет за да може во рок од еден месец просечната плата да се зголеми за 2 %. Се се сведува на тоа дека Државниот Завод за статистика служи како алатка за манипулација на Владата и Премиерот Зоран Заев“, истакна од КСС.

Исто така КСС се обраќа и до бизнис секторот за тоа дали навистина има капацитет за толкаво покачување на платите? Ако се покачени платите, каде се парите во џебот на работниците?