МакедонијаСиндикат

Културните работници збунети од најавената нивелација на плати

Културните работници збунети од најавената нивелација на плати - Работник
989views

Нивелацијата на платите во дејноста култура беше тема на состанокот помеѓу раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура- СОНК и Претседателите на синдикалните организации на културните установи кој се одржа денеска во седиштето на СОНК.

На состанкот се разговараше за нивелација на платите и за добиените коефициенти за културните работници кои треба да се донесат со потпишување на анекс колективни договори, на ниво на установа. Според Претседателот на СОНК, Јаким Неделков не е сигурен дека со новите коефициенти ќе се изедначат платите по работни места, од причина што дел од присутните истакнаа дека за исто работно место, во различни институции има предвидено различни коефициенти. Тој наведе и дека без согласност на синдикалните организации на СОНК не може да се потишат анкес колективните договори. Секоја синдикална организација треба да се усогласи посебно и доколку донесат одлука, тогаш Предсетателот на синдикалната организација може да го потпише анекс колективниот договор. Според синдикалните организации од дејноста култура, проблем е и што сеуште не е донесен колективен договор за нивната дејност.

Неделков рече дека доколку во најбрз можен рок синдикатот не биде повикан во Министерство за култура, тогаш тој ќе иницира протест пред министерството, со што ќе побараат одговор од надлежните во министерствто зошто е прекинат социјалниот дијалог со СОНК, зошто не се вклучени во процесот на нивелација на плати, зошто е стопирано со работењето на колективниот договор за култура, зошто не се информирани за изготвување на законот за култура и т.н

Се додека СОНК и министерството за култура не ги усогласат ставовите за нивелација на платите, се друго ќе биде погрешно.