Занимливости

Куче 18 месеци го чека сопственикот на местото каде што загинал во сообраќајна несреќа

Куче 18 месеци го чека сопственикот на местото каде што загинал во сообраќајна несреќа-Работник
100views

Верно куче во Грција неодамна ги растопи срцата на милиони луѓе низ целиот свет, откако беше објавено дека последните 18 месеци ги поминува кај светилиштето на патот каде што неговиот сопственик трагично го загубил животот во сообраќајна несреќа.

Неименуваното бело куче кое го доби прекарот „грчкиот Хачико“, според легендарниот Акита Ину кој помина години во железничката станица во Јапонија чекајќи го својот сопственик кој починал, наводно живее покрај патот во близина на грчкото гратче Нафпактос последната година и пол. И покрај напорите на неколку локални жители кои посакале да го вдомат, тој секогаш бега и се враќа на местото каде што неговиот сопственик починал.

Целата објава и видеото можете да  ги погледнете тука