- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаука

Лада Нива 2021 – прва фотографија

Лада Нива 2021 – прва фотографија - Работник
415views

Нова година, нова Lada Niva
Првата фотографија на обновената Lada Niva за 2021 година се појави на интернет. Потврда од AvtoVAZ за нејзината автентичност нема, но се работи за редизајн на моделот кој порано се продаваше под ознаките на Chevrolet (на сликата долу), чија премиера се очекува веќе на почетокот на новата година, а продажбата напролет. На крајот од 2019 година AvtoVAZ ги откупи 50-те отсто од акциите на заедничката компанија со GM која го произведуваше овој модел, а од август годинава и го преименуваше во Lada Niva. Измени во техниката не се очекуваат – моторот треба да остане 1,7 литарски со 80 KS и 125 Nm, менувачот петстепен мануелен а погонот на сите четири тркала со блокирачки централен диференцијал и редуктор.

Извор: turbo1.mk

Advertisement