ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Лазаров: Бројот на невработени во Штип за три месеци се зголемил за 552 лица

Лазаров - Работник
42views
Штип оди по удолница!
📌 За само три месеци (март, април и мај) бројот на невработени во Штип се зголемил за 552 лица! Оваа бројка сигурно е уште позастрашувачка во јуни и јули со оглед на фактот што голем број деловни субјекти се соочуваат со сериозни проблеми, а владаа нема капацитет да им помогне.
📉 Но пострашно е тоа што овој неповолен тренд се случува во континуитет и во периодот пред кризата! Имено, во периодот на владеење на СДСМ (изминатите три години) бројот на невработени во Штип се зголемил за 1.200 лица (од 1.952 невработени лица во јули 2017 година на 3.152 невработени лица во мај 2020 година).
Ова се резултатите на “успешните” економски полики на СДСМ за Штип!
На Штип му е потребна нова економска стратегија која ќе овозможи креирање на нови високо платени работни места и подобрување на стандардот на вработените преку паметни политики кои ќе ги искористат можностите и потенцијалот што ги поседува градот.
❗Конечно треба да се стави крај на експлоатацијата на работниците за плати од 14.500 денари и тоа да се претставува како голем успех.