- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Лазаров: На македонската економија и треба преструктурирање на растот

Лазаров - Работник
87views

Споредено со Западен Балкан, македонската економија се вбројува во државите со највиска негативна стапка на раст, вели професорот Дарко Лазаров, продекан на Економскиот факултет во Штип. Според Лазаров, неопходно е преструктурирање на стратегијата за раст.

„Македонската економија во 2020 година, како резултат на кризата од пандемијата со Ковид 19, заврши со 4,5% негативна стапка на раст, односно рецесија, што со исклучок на Црна Гора, која е неспоредлива, Македонија се вбројува во земјите кои имаат најлоши економски резултати во Западен Балкан. Србија имаше 1,1 рецесија, Албанија 3,3, БиХ 4,3, ние 4,5%. Дополнително загрижува што проекциите на Светска Банка укажуваат дека очекувањата со растот на македонската економија во 2021 не се толку оптимистички. Според нивната проценка, стапката на раст на македонската економија би била околу 3,6, а просекот на земјите од Западен Балкан се 4,4%. Прогнозите на ниво на ЕУ се 3,9%. Што значи Македонија ќе има најслаба стапка на раст, односно најбавно опоравување“, вели Лазаров.

Advertisement

Тој во Утрински брифинг, нагласи дека преку анализа на податоците од Државниот завод за статистика, Македонија има негативна стапка на раст во индустриското производство од -6,1% во првиот квартал од 2021 година, негативна стапка на раст во градежништвото, и дополнително, вели Лазаров, она што загрижува е фактот што во вториот квартал има сериозен проблем во текстилната индустрија.

„Во вториот квартал пак, има сериозен проблем во текстилната индустрија, а голем дел од компаниите најавуваат дека нарачките од странство се влошени и ќе има проблем до крајот на годината. Дополнително она што треба сериозно да го земеме во предвид се глобалните проблеми во ланецот на снабдување во автомобилската индустрија со чипови. Фактот што во вториот квартал имаше целосен локдаун на угостителскиот и туристичкиот сектор и ако го имаме предвид доцнењето на вакцинацијата, јас се плашам дека туристичката сезона ќе доживее дополнителен колапс. Ако ги земеме сите овие индикатори во предвид, можеме да заклучиме дека македонската економија не ја очекуваат добри времиња во 2022 годин“, анализира економистот Лазаров.

Advertisement
Advertisement

Повеќе на Слободен Печат

Advertisement