- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Лазаров: Пред да ги најавите новите мерки, реализирајте ги помпезно промовираните

314views

Пред да најавувате нов пакет на економски мерки треба да ги реализирате претходните кои помпезно предизборно ги промовиравте!

Да потсетам за ваучерите од 30.000 денари за ИТ вештини, викенд без ДДВ, безкаматна кредитна линија со 30% неповратни грантови, државна гаранција за комерцијални кредити и царински долг, грантови за зголемување на конкурентноста на приватниот сектор, програми за поддршка на иновации, дигитална платформа за нови пазари за текстилни компании, поддршка на земјоделскиот сектори и многу други мерки за кои владата тврдеше дека има обезбедено 355 милиони евра.

Advertisement

Една отчетна и одговорна влада во најмала рака пред да промовира нов сет на мерки треба да излезе јавно со анализа колкав процент од претходно ветените мерки се реализирани, колку средства се потрошени, каков е ефектот од мерките, ако истите не биле целосно искористени и/или не ги дале очекуваните резултати кои се причината за тоа. Но наместо тоа, сведоци сме како старо-новата влада продолжува со празна реторика, лажни ветувања и евтин популизам – стои во Фејсбук статус на Проф. Д-р Дарко Лазаров. 

Advertisement
Advertisement

Advertisement