ЕкономијаСветСветСветот на работникотСиндикат

Латвискиот буџет треба да ги поддржи зголемувањта на платите на просвените работници

Латвискиот буџет треба да ги поддржи - Работник
8views

Просветните работници во Латвија се висококвалификувани и посветени професионалци, но тие заработуваат помалку од просечната плата во државата. Кабинетот се согласил да ги зголеми платите во 2018 година, но сегашниот драфт на буџетот за 2020 година не овозможува финансирање на имплементацијата на зголемувањето на платите. Пристојните плати се витални доколку Латвија сака атрактивна просветителска професија која ќе ги привлече и задржи талентираните просветни работници, пишува Европскиот Комитет на синдикати од образование – ЕТУЦЕ.

ЕТУЦЕ ја поддржува нејзината членка од Латвија ЛИЗДА во нејзината борба за фер зголемување на платите на наставниците. Нивоата на платите за просветните работници во државата се неодржливо ниски, а ситуацијата е итна. Податоците од страна на Бирото за централни статистики на Латвија покажуваат дека просечната бруто плата за работа на полно работно време во 2018 година во Латвија била 1004 евра. Во образовниот сектор просечната месечна бруто плата е само 823 евра, што е 20 проценти помала од просечната бруто плата во државата.

Според ЕТУЦЕ, Кабинетот на Министрите го препозна проблемот во 2018 година и се согласи да ја зголеми најниската месечна плата по просветен работник од 750 на 790 евра. Тие се обврзаа и на зголемување на платите на академскиот персонал во високообразовните институции за 10 проценти. Двете промени се предвидени за 2020 година, но предложениот државен буџет за 2020 година не ги вклучува потребните финансирања за да ги поддржи овие веќе одобрени зголемувања.