Uncategorised

Левица: Нашиот советник нема да гласа за спорниот ДУП без одобрение од жителите на Трнодол

Левица: Нашиот советник - Работник
34views

Вчера при одржувањето јавна презентација на ДУП Ј03 на општина Карпош дојде до полн израз револтот на граѓаните од непрекинатите манипулации низ годините од страна на повеќе гарнитури на општинската власт. Градоначалникот Богоев во неколку наврати повика да му се верува на зборот дека нема да никнат згради и дека процедурата за ДУП-от била само формално вклопување, односно следење на стариот ГУП што е обврска на општината, соопштија од Левица.

Според нив оваа гарнитура на СДСМ и покрај сите ветувања, одби да застане на патот на градежната олигархија и токму затоа и нема никаков легитимитет да бара доверба од жителите за кои нема слух, а уште помалку политичка волја да ги реализира нивните барања. Една од главните критики спрема претходниот општински состав беше нетранспарентното носење на ДУП-ови, почнување на процедури среде лето кога повеќето граѓани се на одмор или во работно време. Во самата кампања, а и пред тоа, сегашниот градоначалник и неговите сопартијци силно ја критикуваа ваквата нетранспарентна пракса. Сега од позиција на власт, јавна презентација на ДУП се закажува сред лето, во работно време и за време на портокалова фаза кога има препорака за неизлегување на сонце. Без разлика на тоа што формално се запазени законските рокови, револтот кој го искажаа граѓаните на самата презентација против ваквата недемократска пракса е целосно оправдан.

„Дополнително,едно од главните барања на граѓаните за време на изборната кампања беше стопирање на ДУП-овите донесени од претходниот градоначалник во сомнителни околности и кои општината ја претворија во нефункционално место за живеење и урбанистички хаос. Стефан Богоев потпиша и заложба дека ќе ги искористи сите правни можности да се стопира тоа што може за да се минимизира штетата. Но, кога дојде момент да се исполни ветеното и кога беше предложено стопирање на сите спорни ДУП-ови и нивна реевалуација, општинската администрација на СДСМ ги искористи сите правни алатки за таква точка да не се најде на дневен ред на Советот. За иницијативата за стопирање на дваесет и девет ДУП-ови, поднесена од нашиот советник по барање на граѓани, беше побарано мислење од државните институции кои се произнесоа дека општината нема такви ингеренции. Ова мислење апсолутно паѓа во вода сега кога советите на Охрид и Струга изгласаа слични барања“, наведоа од Левица

Истакнуваат дека јавноста, по примерот на Мајчин Дом, премногу пати беше изиграна од оваа влада која во спрега со градежната мафија го продолжува она што го започна претходната власт. Токму затоа жителите од општина Карпош, особено жителите од Трнодол кои се најзасегнати од ДУП Ј03, имаат целосно право и поддршка да ги искористат сите институционални и вонинституционални механизми на отпор против оваа власт која единствено ги штити интересите на неколку корумпирани локални моќници.

Додаваат дека заради реакциите во јавноста однапред најавуваме дека нашиот советник нема да го гласа овој ДУП ако стигне до Советот во оваа форма или во било која друга форма со која не се сложуваат граѓаните од општина Карпош.