Правда

Левица ќе обезбеди услови за живеење на бездомниците доколку формира Влада

Кочовски: Законот за работни -Работник
144views

Политичката партија Левица во својата изборна програма предвидува обезбедување на основни услови за живеење на сите бездомници во Република Македонија, преку нивно сместување во државни објекти кои што ќе бидат соодветно опремени за имање на достоинствен живот, посочи координаторот на правниот и трудовиот сектор на Левица, Бобан Кочовски.

Тој истакна дека Левица се залага за отварање на државни јавни кујни кои што ќе послужат до три оброци дневно за секој бездомник и социјално загрозено лице.

“Со ова Левица ќе помогне на оние на кои помошта им е најпотребна. Само преку социјална држава можеме да имаме социјална правда”, рече Кочовски.