Занимливости

Легендарниот италијански стратег откри како Меси почнал да игра за Барселона

Легендарниот италијански стратег откри како Меси почнал да игра за Барселона - Работник
83views

Лионел Меси вчера одигра уште еден одличен натпревар за Барселона против Ливерпул, во првиот двобој на полуфуналето од Лигата на Шампионите. Меси беше двострук стрелец во победата од 3:0.

Фабио Капело, поранешниот менаџер на италијанската репрезентација и пронашниот менаџер на Реал мадрид, своевремено рекол за Скај Спортс дека тој е заслужен за тоа што Барселона потпишала договор со Меси. А на интересната анегдота вчера се присетија шпанските и италијанските медиуми, по одличната игра на Аргентинецот.

„Бев тренер на Јувентус и игравме пријателски натпревар со Барселона. Меси тогаш имаше 16 години. После 20 минути му реков на Ријкардо: Не може да игра за вас, ќе ви биде четврти странец. Дај ми го мене на позајмница на една година и после тоа ќе смеете да го ставите во игра. Ријкардо ми рече дека ќе види што може да направи“, се потсети легендарниот италијански стручњак.