КолумниПравдаСветСиндикат

Легислативата на ЕК „Еден внатре, еден надвор“ не е „здрава“ за работниците

Легислативата на ЕК „Еден внатре, еден надвор“ - Работник
236views

Пристапот на новата Европска Комисија „Еден внатре, Еден надвор“  ја „отежнува“ легислативата и го попречува прогресот кон побезбедни и поздрави работни места, пишува Пер Химлересон во неговата колумна која е спонзорирана од страна на Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК, а е објавена на Social Europe.

Според него, претстојниот извештај на Европската Комисија, објавен во септември, посочила дека директорот би „развил нов инструмент за овозможување на „Еден внатре, Еден надвор“ принципот. Извештајот објаснува дека: „Секој легислативен предлог кој создава товар треба да ги ослободи луѓето и бизнисите од еднаков постоечки товар на ниво на Европската Унија во истата законодавна политика“.

Тој во колумната истакнува дека, ЕТУК е загрижена дека тоа нема да има никаква смисла во пракса. Ниедна политика тоа не го докажува подобро од безбедноста и здравјето при работа, па прашува што значи „Еден внатре, Еден надвор“? Значи дека кога и да биде воведена нова легислатива за заштита на работниците, постоечката ќе биде отфрлена? Како тоа може да се поистоветува со прогресот кон побезбедни и поздрави работници?

Вели дека во јули месец оваа година, ЕТУК ја критикувала работната програма на Урсула вон дер Лејен презентирана на Европскиот Парламент, бидејќи новодојдениот Претседател на Комисијата не успеа да ги вклучи предлозите за безбедност и здравје при работа. Синдикатите беа задоволни да го гледаат Комесарот назначен за работниците, Николас Шмит, кога ги осигурувал пратениците на неговото сослушување во Европскиот Парламент дека безбедноста и здравјето при работа ќе бидат „апсолутен приоритет“, вклучувајќи ги и легислативните мерки.

Според него, има многу да се направи на Европската недела на безбедноста и здравјето при работа. Преку 3 милиони луѓе доживуваат несреќи на работните места на годишно ниво во ЕУ, со речиси 70 смртни случаи неделно, а 120,000 луѓе умираат годишно од рак поради несоодветна заштита на работните места. Преку четвртина од работниците во Европа претрпуваат голем стрес поврзан со работата и 23 проценти веруваат дека нивните безбедност и здравје се ставени во ризик поради нивната работа.

Дури и покрај тоа што Европскиот Столб за социјални права гарантира дека „работниците имаат право на висока заштита на нивната безбедност и здравје при работа“, и покрај иницијативите од страна на Комисијата на Јункер, премногу Европејци сеуште страдаат од болести и инциденти поврзани со работните места, пишува Пер Химлересон во неговата колумна.